Кинотека: „Златен објектив“ за Олга Лукова-Дончиќ и Благоја Куновски-Даре

Управниот одбор на Кинотеката на Македонија одлучи годинава признанието „Златен објектив“ да го додели на филмската монтажерка Олга Лукова Дончиќ ина филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре.

Кинотеката ова признание на својот „роденден" на 29 април секоја година го доделува на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Олга Лукова Дончиќ е родена во Скопје, 1945 година, каде завршува средно музичко училиште во 1964 година. Од 11 ноември 1967 работи во продуцентската куќа „Вардар филм" како асистент монтажер на кратки филмови. За кратко време се осамостојува како монтажер на кратки, а подоцна и долгометражни филмови, соработувајќи со водечките македонски филмски автори. Кариерата ја завршува во 1986 година.

Филмографија:

1967: Македонска крвава свадба (асистент на монтажа)

1967: Тито во Охрид (асистент на монтажа)

1967: Лето господово '67 (асистент на монтажа)

1967: Луѓе и фасади (асистент на монтажа)

1967: Лифт горе, лифт долу (асистент на монтажа)

1968: Споменик (монтажа)

1969: Републиката во пламен (асистент на монтажа)

1969: И водите на Вардар ќе бидат скротени... (монтажа)

1969: ЗИК Пелагонија (асистент на монтажа)

1969: Свилен конец (монтажа)

1969: Претседателот Тито во посета на ЗИК „Пелагонија" (асистент на монтажа)

1969: Хомо Апсурдикус (монтажа)

1970: Цената на градот (асистент на монтажа)

1970: Крсте Петков Мисирков (монтажа)

1971: Црно семе (асистент на монтажа)

1971: Македонски дел од пеколот (асистент на монтажа)

1972: Светлините на Скопје (монтажа)

1972: Град на човечко препознавање (асистент на монтажа)

1973: 99 (монтажа)

1973: Луѓе зад планината / Кичево 1971 (монтажа)

1974: Столетие на прекалените (монтажа)

1974: Скопски железнички јазол (монтажа)

1974: Сто години железници во Македонија (монтажа)

1974: Рацин (монтажа)

1975: Кој век минува надвор деца (монтажа)

1976: Фазил Хисни Дагларџа (монтажа)

1976: Еугенио Монтале (монтажа)

1976: Ден кога се проштева (монтажа)

1977: Црн бор (монтажа)

1977: Фаулбал (монтажа)

1977: Никола Мартиноски (монтажа)

1977: Фабрика за акумулатори „Злетово" (монтажа)

1977: Винојуг (монтажа)

1978: Подмолна сила (монтажа)

1978: Џафра (монтажа)

1979: Бакнеж (монтажа)

1979: Рафаел Алберти (монтажа)

1979: Икар (монтажа)

1979: Ежен Гилвик (монтажа)

1979: Самопридонес (монтажа)

1980: Време, води (монтажа)

1982: Мостови – Струшки вечери на поезијата (монтажа)

1982: Мистериозниот предмет (монтажа)

1985: Автопат (монтажа)

1985: Патишта во СР Македонија (монтажа).

Благоја Куновски-Доре е роден во Скопје, 1946 година, долгогодишен уредник и филмски критичар во МРТВ (Македонска радио и телевизија). Куновски е и долгогодишен уметнички директор (2009-2019), селектор на главната натпреварувачка селекција (1995-2019), и директор (2016-2017) на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки" во Битола. Тој е основач на уметничкото кино „Фросина" и на фестивалот на европски филм CINEDAYS при Младинскиот културен центар во Скопје; основач и програмски координатор на Меѓународниот фестивал на анимиран филм АНИМАКС Скопје Фест. Куновски со децении наназад е член на ФИПРЕСЦИ (Fédération Internationale de la Presse Cinématographique – FIPRESCI) десетина пати бил член и(ли) претседател на оваа водечка интернационална асоцијација на филмските критичари на филмските фестивали во Кан, Берлин, Венеција (три пати), Лондон, Москва, Карлови Вари... Член е на Асоцијацијата на европски и медитерански филмски критичари „ФЕДЕОРА" (FEDEORA- Federation of the European and Mediterranean film critics). Автор е на илјадници прилози, критики, есеи, фестивалски извештаи, портрети и интервјуа во македонските и светските медиуми. Куновски е коавтор на монографијата „Дожд: светот за филмот ПРЕД ДОЖДОТ на Милчо Манчевски" (Rain : the world about Milcho Manchevski's film "Before the Rain"), 2004 година; коавтор и еден од уредниците на монографијата „40 години ИФФК Браќа Манаки";соработник на филмските изданија и списанија на Кинотеката на Македонија: дел од редакцијата на „Кинотечниот месечник" и долгогодишен автор и соработник на „Кинопис"; соработник и уредник во филмските списанија „Синеаст" (Сараево), „Филмска култура" (Загреб), „Филмограф" (Белград) во екс-Југославија, итн...

Досегашни добитници на „Златен објектив" беа режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев; тонскиот снимател Глигор Паковски; аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ; директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков; филмскиот работник Коста Крпач; продуцентот Панта Мижимаков; филмската критичарка Илинденка Петрушева; монтажерите Димитар Грбевски и Спасе Тасевски; костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.

 

 

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе