Кинотека на Македонија - Омаж за Неда Арнериќ

В петок и сабота во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани неколку играни филма на неодамна починатата југословенска актерка Неда Арнериќ (1953-2020). Таа беше еден од најпознатите ликови во некогашната југословенска кинематографија, а остави траен белег и во македонскиот филм, посебно во 70-те години од минатиот век.

Нејзиното прво појавување на филм било во 1966 година, со неполни 14 години, и заедно со Славко Штимац беа првите вистински детски ѕвезди на југословенската кинематографија.

Во нејзина чест Кинотеката ќе прикаже 4 играни филмови: на 14 февруари (петок) „Време без војна“, режисер Бранко Ивановски Гапо, сценарио: Симон Дракул, улоги: Ацо Јовановски, Дарко Дамевски, Кирил Ќортошев, Неда Арнериќ, Шишман Ангеловски, Слободан Димитриевиќ; „Истрел“, режија: Бранко Ивановски Гапо, сценарио: Димитар Солев, улоги: Емил Рубен, Мајда Тушар, Неда Арнериќ, Петар Арсовски, Питомир Деспотовски, Ристо Шишков, Слободан Димитриевиќ, Владимир Светиев; а в сабота „Татко (колнати сме, Ирина)“, режија и сценарио Коле Ангеловски, улоги: Велимир – Бата Живоиновиќ, Мето Јовановски, Неда Арнериќ, Ненад Милосављевиќ и „Исправи се Делфина“, режија и сценарио: Александар Ѓурчинов, улоги: Дарко Дамевски, Диме Илиев, Неда Арнериќ, Слободан Димитриевиќ, Столе Аранѓеловиќ.

Влезот за сите филмови е бесплатен.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе