На повеќе локации низ Скопје

„Кино око“ почна да го снима „Здив“, краток филм за аерозагадувањето

Продукцијата „Кино око“ почна да го снима краткиот игран филм „Здив“, во режија на Радован Петровиќ.

Филмот ќе се снима на локации низ Скопје и ја третира темата на аерозагадувањето.

Главните улоги ги толкуваат Верица Недеска Трајкова, Зоран Љутков, Анастасија Аневска и Ториан Азгоур.

Директор на фотографија е Андреј Лембанов, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиевска, сценограф Симо Бранов, а продуценти се Сања Тодоровска Арсова и Роберт Насков.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе