Кино Лорбер ќе го дистрибуира филмот „Врба“ на американскиот пазар

Кино Лорбер ги доби правата за дистрибуција на филмот „Врба" на Милчо Манчевски на територијата на САД, пишува „Варајети". Филмот „Врба" е кандидат на Македонија за наградата Оскар.

Филмот „Врба“ беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Рим кога Манчевски ја освои наградата за најдобар режисер.

Кино Лорбер планира да почне со дистрибуцијата на „Врба“ на пролет.

„Новиот филм на Милчо Манчевски е силен, трогателен, со брилијантна глума и визуелно зачудувачки поглед на мајчинството во три поглавја што опфаќаат векови. Со нетрпение  чекаме да ја споделиме оваа длабока приказна со публиката во САД“, изјави потпретседателот на Кино Лорбер Венди Лидел.

„Врба“ е во продукција на Банана филм, Баба филм, Пионер пикчрс во Унгарија, Тиранскиот филмски институт во Албанија, Сага филм и БНП Парибас фортис филм фајнанс во Белгија. Покојниот британски продуцент Ник Пауел беше извршен продуцент со неговиот продуцентски партнер Јан Приор.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе