Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ е овогодинешниот добитник на „Златната Тула“

Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот" на авторот Кс Жанг е овогодинешниот добитник за Златната Тула на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест". Германскиот автор Кристоф Бутнер ја доби втората награда за својот анимиран филм „Со негова милост", додека Бронзената Тулa ја доби корејскиот филм „Куклена приказна" на авторот Парк се Хонг, соопштија од тимот на Анимакс Скопје Фест.

За најдобар филм за деца беше награден македонскиот филм „Маја Новак" од авторката Миа Панов, а наградата се доделува врз основа на гласовите од детската публика кои во најголем број гласаа за овој филм.

Жири комисијата која одлучуваше за наградите беше во состав на Владимир Ангелов, Сашка Андреевска и Горјан Гишев.

Анимакс Скопје Фест е во организација на продукциската куќа Аурипигмент од Скопје, а е со поддршка на Град Скопје, во соработка со Кинотека на С. Македонија.

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе