Реакција

„Киненова“: Цензурата во Македонија продолжува, Агенцијата за филм ја гуши културата

Укинувањето на финансиите на фестивалот Киненова за 2019 година следуваат по силните притисоци и официјалниот обид за цензура кои ги вршеа Министерството за култура и Агенцијата за филм врз јавноста и организацијата на фестивалот, заради цврстата одлука која ја донесе управниот одбор на фестивалот да го прикаже деби филмот „Ругање со Христос" на Јани Бојаџи на отворањето на изданието во 2018, се вели во реакцијата на меѓународниот филмски фестивал „Киненова".

Агенцијата за филм и град Скопје одлучија оваа година да ја укинат поддршката за Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ Скопје.

„Со ова тие очигледно сакаат да го погазат и неправедно и тенденциозно да го девалвираат трудот на голем број филмски професионалци од земјата и од странство кои стојат зад фестивалот. Со жалење констатираме и ја известуваме јавноста дека  цензурата во Македонија продолжува во жестока форма да ја гуши културата и уметноста. Ова ни дава за право да се сомневаме дека домашните институции, особено Агенцијата за филм и Министерството за култура како најповикани сакаат да ја спречат Киненова како независна институција која има свој слободно изграден став и одлучува самосвојно, врз основа на високо изградените филмски критериуми во однос на филмската уметност. Следствено сметаме дека се работи за систематски и смислен институционален бојкот на фестивалот и укинивање на слободата на уметничко изразување и искажување на слободен уметнички и ангажиран став... „Киненова“ е нова ѕвезда на македонското фестивалско небо, со нов, оригинален концепт кој ги надминува застарените концепции на останатите слични фестивалски содржини од ваков тип, и токму затоа сметаме дека истиот требаше и мораше институционално да биде поддржан и оваа година“, се вели во реакцијата на „Киненова“.

За време на минатите три изданија гости беа Жарко Лаушевиќ, Мира Фурлан, Аница Добра, лани беа прикажани 72 прикажани филмови од најновата светска филмска продукција, програмата „Бергман како дебитант“ беше поддржана од Шведска, програмата „Балканската аудио – визуелна уметност како важно европско културно наследство“ беше директно поддржана од Европската Унија...

„Дека се работи за тенденциозено и субјективно однесување и евалуирање на проектите говори и фактот дека, иако критериумите на конкурсот се: ставање на македонската кинематографија во меѓународен контекст, промовирање на филмската култура во земјата, европската димензија на програмите, реномето на фестивалот... Тие очигледно не се земени предвид во случајот на Киненова бидејќи фестивалот комплетно ги исполнува и дури и ги надминува истите, но бодувањето за овие критериуми е минимално. Од друга страна, ќе наведеме дека овие две години поддржани се настани кои биле непостеоечки или кои за прв пат конкурираат, а за споредба, Киненова со три меѓународни и програмски квалитетни последователни изданија, не е поддржан“, реагираат од „Киненова“ и најавуваат жалба до Агенцијата за филм.

           

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе