Катерина Коцевска в.д. директорка на Драмски театар

Актерката Катерина Коцевска е нова в.д. директорка на Драмски театар, избрана од вработените, информираат од Министерството за култура.

Коцевска е речиси 37 години член на ансамблот на Драмски. Остварила над 30 улоги, за кои добила повеќе странски и домашни награди, меѓу кои е и онаа за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“, за ликот на Олга во претставата „Карамазови“. Таа е и уметнички директор на фестивалот „Војдан Чернодрински“.

Пред неколку дена досегашната директорка Викторија Рангелова–Петровска беше разрешена од премиерот Заев, како дел од проветрувањата во институциите, во текот на летото, а минатата недела поднесе оставка на функцијата.

Од утре тече шестмесечниот мандат на Коцевска како в.д. директорка, а во овој период Министерстовото за култура треба да распише оглас за избор на директор на Драмски.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе