„Карантин“ на Иван Андреевски во официјалната селекција на филмскиот фестивал Анеси во Франција

Најпрестижниот фестивал за анимиран филм во светот, „Анеси" во Франција, го одбра краткиот анимиран филм „Карантин" во режија на Иван Андреевски во официјалната селекција во програмата Перспективи. „Карантин" бил селектиран во конкуренција од над 3.000 филмови.

Домашната премиера на овој филм се одржа на Флипбук филм фестивал во Скопје лани во август и ја освои Специјалната награда на жирито, кое за филмот рече: „Со интересна техника која ги меша естетиките на традиционалната стоп и современата 3Д компјутерска  анимација, овој краток филм не води во еден за секого многу присутен амбиент, но, преку комична призма која барем за миг ни дозволува да се насмееме и малку да издишеме од нашето задушувачко секојдневие. Мајсторски сработена анимација од млади автори која укажува на тоа дека златното време на македонскиот анимиран филм е пред нас“.

Филмот Карантин, на кој освен Иван Андреевски, работеа и Михаил Наумов и Љубомир Саздовски, е во продукција на 3 Блок студио и Флип бук продукција.

Филмскиот фестивал Анеси е фестивал од А категорија.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе