Скопско лето

„Кафе кино“ почнува со комедијата „Добредојдовте во Германија“

Со комедијата „Добредојдовте во Германија“ на Симон Верховен од 2016 година, вечер од 21 часот во Сули ан ќе биде отворено 11-дневното „Кафе кино“ кое е составен дел од програмата на фестивалот „Скопско лето“.

Утревечер  ќе биде прикажана спортската комедија од Швајцарија „Стрикер (Гол натрапник)“. Проекциите ќе продолжат до 16 јули, секоја вечер од 21 часот. Влезницата за секој филм е 100 денари.

Покрај овие два, на „Кафе кино“ годинава сé уште девет понови европски филмски наслови: италијанската комедија „Хотел Гагарин“ (8 јули); швајцарскиот документарец „Хотел Југославија“ (9 јули); семејната драма од Италија „Море од жито“ (10 јули); шпанско-француската хорор-комедија „Убивајќи го Бога“ (11 јули); унгарската фантастична романтична комедија „Лиза – лисицата самовила“ (12 јули); од Унгарија е и историската авантура „Кинцсем – обложи се на одмазда“ (13 јули); данската комедија „Кариран нинџа“ (14 јули); италијанската авантура „По стапките на мојот татко“ (15 јули) и  германско-италијанската авантуристичка драма „Планинско чудо“ (16 јули). 

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе