Јана Лазар победник на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2019“

Актерката Јана Лазар од Молдавија е победник на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2019"

Монодрамата „Трите животи на Исидора Данкан“ работена според текстот на Зиновиј Сагалов, во режија на Марија Паљницкаја, која пред битолската публика ја изведе Јана Лазар, според меѓународното жири остави најдобар впечаток и едногласно одлучи да ја доделни наградата Гран При.

Според востановената традиција, на фестивалот на монодрама, жирито додели и награда за најдобра режија, а ја доби режисерката од Бугарија Невена Митева за монодрамата „Комедијантка“. Наградата за најдобар актер жирито му додели на Игор Ларин од Русија за монодрамата „Забелешка на покојникот“, додека награда од публиката доби монодрамата „Сé што сум премолчела“ во изведба на актерката Миа Беговиќ од Хрватска.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе