„Извидник“ на Алекс Цветков селектиран за „Л.А. Шортс“ во Лос Анџелес

Краткиот филм „Извидник“ во режија на Алекс Цветков е избран во натпреварувачката програма на 23. фестивал за краткометражен филм „Л.А. Шортс“ што ќе се одржува од 17 до 25 јули во Лос Анџелес, соопшти Агенцијата за филм.

„Л.А. Шортс“ е официјален квалификациски настан за награда на кратките филмови на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА). Победниците на фестивалот имаат право да освојат „БАФТА“ а најголем дел од филмовите селектирани на овој фествал речиси секоја година се дел од селекцијата во трката за престижниот „Оскар“.

Петнаесетминутниот филм „Извидник“ (Scout) е  модерна драма во која централен лик е преофесионалниот тркач со мотори Гус, кој во еден миг воден од преголеми амбиции ќе го загуби тоа што му најмило.

Филмот е македонско-хрватско-словенечка копродукција. Македонски продуцент е „Ново македонско видео“. Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Алекс Цветков е млад режисер кој студира режија на Њујоршката филмска акедемија во Лос Анџелес. Цветков досега режирал повеќе реклами, музички видеа и краткометражни филмови и како сценарист и режисер бил дел од неколку значајни филмски фестивали во Америка.

„Извидник“ беше премиерно прикажан на затворањето на минатогодишното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе