Изложба на фотографии од Ник Кејв на отворањето на „Скопје синема сити“

Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити. Изложбата ќе се одржи на 29 јуни, во галеријата на КИЦ со почеток во 19 часот.

Фестивалот за музички документарни филмови, Скопје Синема Сити ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата" во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард на 30. јуни во летното кино „Мирно лето" – Кинотека на РСМ.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона", а во организација на здружението Номад-Арт.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе