ФИЛМСКО СПИСАНИЕ

Излезен е третиот број на „Филм Плус“

Во новиот број на месечното филмско списание „Филм Плус“ објавени се содржини кои носат интервју, филмски рецензии и есеистички текстови од областа на филмската уметност.

Главното интервју во третиот број на „Филм Плус“ е со иранскиот режисер Кавех Модири, бегалец во потрага по непостоечкиот дом, кој вели дека „да бидеш уметник, писател, филмаџија, треба да си смел да ја доживееш комплексноста на емоциите, која повеќето луѓе одбираат да ја избегнат“.

Во новиот број на „Филм Плус“ актерката Синоличка Трпкова ја отвора дилемата уметничко или „тезгарошко“, во прво лице се појавува младата режисерка Дина Дума, објавен е есеј на Владимир Мартиновски, се бележи еден век на Кирк Даглас, има искуства од филмски сет на „Жртва“ на Марија Џиџева, рецензирани се пет нови филмови, додека за феноменот на ТВ-сериите пишува Златко Ѓелески.

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе

Веќе е јасно дека не треба да има никакво сомневање дека прислушуваните разговори треба да бидат прифатени како докази во постапките.

повеќе