„Импулс#волумен14“ вечер од 20 часот во МКЦ

Скопје танцовиот театар вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар ќер ја изведе претставата „Импулс#волумен14“ во кореографија на Рисима Рисимкин, Дејан Битровски и кореографот од Прага Шимон Кубан.

Претставата има неколку дела – во првиот е кореографијата  „Апстракт/Бои“ на Рисима Рисимкин, специјално подготвена за танчарите студенти на завршна година на Катедрата за современ танц на Штипскиот универзитет: Сара Цветковска, Јована Зајкова, Бобан Русески и Тереза Лазарев. Вториот дел  „Online“ е кореографија на Дејан Битровски и ќе настапи Анастасија Данчевска, танчарка на Скопје танцовиот театар.

Последните две кореографии „Ноември“ и „Flesh & Bone“ се  на Шимон Кубан, со настап на танчарите на Скопје танцов театар: Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Тринга Хиса и Џорџа Лили (стажантка од Италија) и студентите од Катедрата за современ танц од Штипскиот универзитет: Сара Цветковска, Јована Зајкова, Тереза Лазарев, Бобан Русески, Исидора Краљевска, Борис Богдановски, Ивана Балабанова и Дамла Пинар Башар од Турција.

Чешкиот кореограф Шимон Кубан во Скопје е еден месец и кореографиите „Ноември“ и „Flesh & Bone“ се резултат на неговиот престој како резидент-кореограф за Скопје танцовиот театар.

На нашата публика и е познат по кореографијата „База“ за танчарите на КОДАРТС, кои настапија во претставата „Таленти во движење“ на „Танц фест 2019“. Кубан има завршено студии за современ танц во Прага, а искуство како тенчар стекнал работејќи со повеќе компании во Чешка.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе