Играниот филм „Дедо и внук“ ја започнува својата светска промоција

Играниот филм „Дедо и внук" на сценаристот и режисер Илија Пиперкоски во продукција на Pandora's Box продукција од Охрид, а во соработка со Dream Factory од Скопје и Alien Film од Романија, го започна фестивалскиот живот со својата интернационална премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина, ПРИФЕСТ 2020.

Фестивалот се состои од четири програми за натпреварување: програма за европски филмски натпревар, програма за балкански филмски натпревар (позната и како КРВ И МЕД), натпреварувачка програма со средна должина (составена од филмови во должина од 25-60 мин.) Дебитантскиот игран филм на Пиперкоски беше дел од програмата "Крв и мед", на годинашното 12-то издание на фестивалот кое поради ковид пандемијата се одржа во хибридно онлајн издание. Инаку,  познатата актерка и филантеоп, Ванеса Редгрејв е една од помагателите и пријателите на фестивалот кој е најважниот филмски настан што се одржува на Косово. Таа е претседател на почесниот одбор на фестивалот и го поддржува фестивалот промовирајќи го во различни меѓународни кругови.

Наградата за најдобар директор на Фотографија –  кинематографер на Asian Cinematography Awards (ACA) – филмски фестивал основан и управуван од професионалци во филмската индустрија на Фондацијата за награди за кинематографија во Манила ја доби Патру Паунеску за филмот на Илија Пиперкоски – "Дедо и внук".

Филмот го продолжува фестивалскиот живот со учество на фестивалот ДАРДАН фест во Албанија, на крајот од месецов.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса. Љубовта не е нешто кое треба да биде научено. Тоа е нешто кое веќе го имаме, но иронично е тоа што секогаш мора одново да го научиме. А со која цел? Да станеме почисти луѓе, како некогаш кога бевме деца.

Главните улога во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ заедно со Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Авторската екипа ја сочинуваат директорот на фотографија од Романија – Патру Паунеску, сценографијата ја креираше Владимир Зафирковски, а костимограф е Жаклина Крстевска. Автор на шминката и маските е Клаудиа Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, монтажата е на Данчо Стефков, авттор на музиката е Оливер Тевчев, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија. 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе