Со актерите од Бугарија лесно се разбираме, може да правиме заеднички проекти, вели Игор Ангелов

Игор Ангелов е најпознатиот македонски актер во Бугарија, а телевизија Нова денеска почнува со емитување на серијата „Со река на срцето“. Пред емитувањето на првата епизода во Парадајс мол во Софија, за гостите на Нова се одржа гала-премиера.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, режисер на серијата е Мартин Макариев, продуцент е Светлин Неински, а главен сценарист е познатиот писател Георги Тенев.

За МИА во Софија по претпремиерата, Игор Ангелов изјави дека ова е негово второ учество во бугарски филм по „Во срцето на машината“ на истиот режисер, но овој проект сега за него е нешто ново. Вели дека бил одлично прифатен од неговите колеги бугарски актери со кои игра во оваа серија и цело време се чувствувал прекрасно. Искуството и професионалните можности што ги добива се многу важни за него, вели македонскиот актер Игор Ангелов.

„Креативните и актерските школи во Македонија и Бугарија се изградени врз исти концепти на настава по глума. Затоа актерите од Бугарија и Северна Македонија многу лесно можат креативно да се разберат и не се потребни долги објаснувања. Неопходно е продлабочување и поголема соработка за да може да се направи балканска кинематографија. Глобализацијата, за која се зборува на секое поле, па и на кинематографијата, мора да се реализира на локално балканско ниво. Ги разбираме нашите јазици во балканскиот регион, се разбираме и многу е логично заедно да снимаме филмови за Балканот, како и заедно да правиме театарски продукции“, вели Ангелов.

Кога ќе го разберам мојот сосед, тогаш зошто да не соработуваме, коментира македонскиот актер.

Бугарија и Северна Македонија можат да снимаат заеднички филмови со актери и режисери од двете земји. Границите ми се во главата, вели Ангелов, а тие се само фиктивни, што претставуваат линија на географската карта. „Идејата е да се отстранат границите, а кога се работи за уметнички, театарски и филмски проекти, тие не постојат“. Тој се надева дека серијата што ја снима во градот Видин, лоциран на Дунав, ќе му донесе многу нови креативни контакти и можности во професионална смисла.

Првиот контакт на Ангелов со Бугарија и нејзините актери започна со доаѓањето на познатата бугарска актерка Јана Маринова во Македонија. Игор Ангелов коментира дека е изненаден што за толку кратко време станал најпопуларниот македонски актер во Бугарија и вели дека тоа позитивно го прифаќа и се чувствува добро поради тоа.

„Ако тоа што го правиш е прифатено од луѓето, тогаш добро си направил“, скромно вели Ангелов. Заедно со него во филмот, покрај големата серија бугарски актери, игра и познатата млада српска актерка Ана Томиќ.

Таа за МИА вели дека е првпат во Бугарија да ја снима ТВ серијата „Со река во срцето“. Последен пат ја посетила Бугарија како дете со родителите за време на летните одмори на Црното Море. Таа додава дека за време на снимањето се чувствувала како дома. За време на првиот дел од снимањето со екипата, Томиќ прокоментира дека работела многу добро и дека работите се случиле многу професионално. Таа рече дека одлично соработувала со бугарските актери, а нејзиниот македонски колега бил одличен. Јана Маринова и Игор Ангелов во еден дел од филмот зборуваа на српски, што го олесни процесот на снимање, но таа разговараше и на бугарски со Александар Сано.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе