И четвртата сезона на „Преспав“ на бугарска телевизија

Домашнaта серија „Преспав“ продолжува да ја освојува регионалната публика. Со вкупно 102 емитувани епизоди во рамките на 4 сезони, оваа ТВ серија во продукција на ОХО продукција ги урива рекордите на гледаност веќе 5 години по ред во Македонија, а втора година по ред и во соседна Бугарија.

По ланскиот „бум“ кој го предизвика емитувањето на „Преспав“ на бугарската bTV Comedy, пред два денаа почна со емитување и четвртата сезона на „Преспав“ на bTV Comedy.

Како и претходно, гледачите ќе можат да уживаат и да се смеат заедно со браќата Бузалевски, Талат, Јелена, Ула, Наим и другите преспавски јунаци, и тоа со преводи на бугарски јазик, секој работен ден во ударен термин од 20:30 часот.

„Преспав“ е првиот македонски ТВ продукт кој се емитува пред бројната бугарска публика. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и во периодот што претстои, но и дека успесите на „Преспав“ нема да запрат тука, па така домашната и регионалната публика ќе имаат можност наскоро да уживаат и во нови епизоди, соопшти ОХО продукција.

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе