Агенција за филм

„Хомо“, филмот на Игор Иванов-Изи во официјалната програма на фестивалот во Гоа

Играниот филм „Хомо“ на Игор Иванов – Изи е избран во официјалната програма на најважниот филмски фестивал во Азија, во индиската сојузна држава Гоа. Овој фестивал беше еден од ретките кој го одложи своето издание со цел да го одржи во живо во јануари, 2021, соопшти директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски.

Филмот „Хомо“ е во доминантна македонска продукција на „Скопје филм студио“ и е дел од широка копродукција со Косово, Бугарија и Хрватска.

„Филмот е сложена форма на уметност и продукција, каде творат најдобрите од најдобрите. Последните три години нашата земја демонстрира пример дека може да се успее, иако во оваа индустрија претходно долго време бевме речиси невидливи. Сега, македонскиот филм е исправен пред глобални предизвици, и сум благодарен на Владата што не ги изостави филмските работници во последниот пакет економски мерки, сепак се наоѓаме во услови на домашен скратен годишен буџет – она за што ќе се залагам е македонскиот филм да го одржи квалитетот и да продолжи да нижи успеси“, истакна Лазаревски.

Изминатите три години, додаде тој, наш најголем амбасадор во културата беше токму филмот.

„Четири години по ред македонскиот филм е во официјална селекција на Санденс – најзначајниот фестивал за независен филм во САД, но и во светот. Во овој период, македонскиот филм беше присутен и на официјалната програма на Берлинале и влезе во историјата со двете номинации за Оскар. Годинава, која е предизвик за човештвото, филмската индустрија ја погоди во сите витални органи: филмските фестивали не се одржаа, кино салите се затворија, снимањата на филмовите се усложнија. Па сепак, филм во македонска ко-продукција повторно имаме на Санденс, присутни сме во официјална програма на фестивалот во Ротердам, а краткиот филм „Налепница” на Георги Унковски има преку 170 награди и е квалификуван за номинација за Оскар“, заклучи Лазаревски.

Иванов – Изи посочи дека 51. Интернационален фестивал на Индија, кој традиционално се одржува во Гоа, е од А категорија.

„Оваа година фестивалот е поместен поради актуелните состојби и ќе се случува од 16 до 24 јануари. „Хомо“ ќе си ја има својата премиера во главната програма наречена „International panorama section“ каде е селектиран помеѓу илјадници пријавени филмови од целиот свет“, рече Иванов – Изи.

Тој додаде дека фестивалскиот живот на „Хомо“ ќе продолжи, а прво „ќе ги зафати“ фестивалите кои се ослободени од препреката да имаат свое физичко издание, а потоа ќе се наврати во Европа со надеж дека до тогаш европските фестивали ќе се случуваат во нормално традиционално издание.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе