Холанѓанката Ана Џејкобс, добитник на наградата за најдобра кореографија на „Танцлаб 2019“

Натпревар за млади кореографи „Танцлаб 2019" се одржа на 5 и 6 април во Младинскиот културен центар во рамки на годинешнава програма на јубилејното издание на „Танц Фест", што се одржува под мотото „Идентитети што не смеат да се пропуштат!".

На натпреварот победи кореографката Ана Џејкобс од Холандија, која ја доби „Златната пепрутка“, што и овозможува да креира продукција со Скопје танцовиот театар, информираат од „Танц Фест“.

Во финалето на „Танцлаб“ настапија и кореографите Бобан Русески, Бартош Восцински од Полска,  Дана Маркус од Израел, Клеменс Џаглет од Франција, Егор Меншиков од Русија и Јасмин Систи од Италија.

Програмата ја следеше стручно жири во состав: Самуел Вуерстен, генерален и уметнички директор на фестивалот „Holland Dance Festival“ и член на бордот на КОДАРТС универзитетот од Холандија, Дидие Дешам, директор на Националниот танцов театар „Шајо“ во Париз, Зао Шји, директорка на интернационалниот фестивал „The New“ во Пекинг и Меххмет Балкан, шеф кореограф на Националните балети на Турција. 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе