„Хипноза на една љубов“ – нова претстава на Драмски театар

Премиерата на новата претстава на Драмски театар од Скопје, „Хипноза на една љубов“ ќе се одржи в четврток на големата сцена на театарот со почеток во 17,30 часот.

Се работи за најновиот текст на Душан Ковачевиќ, а режисерот на претставата е Димче Николовски.

Текстот „ Хипноза на една љубов“ од Душан Ковачевиќ досега бил изведен само во матичниот театар на авторот – Театар Ѕвездара во Белград, каде што се игра со огромен успех.

„Текстот би можел да се нарече бајковито, тажна, магична комедија. Сите ликови во овој текст на Душан Ковачевиќ се добри, поточно добронамерни. Тој дел ја прави приказната бајка. Тагата која ја носат ликовите е од нивната осаменост затоа што нивните деца си заминуваат од своите домови и одат во туѓина. Тоа што овој текст го прави голем е начинот на кој авторот ја пренесува болката така што слушателот и гледачот го тера да се насмее. Магија“, вели Катарина Коцевска Хаџи Василева.

„Морате да верувате дека вашата работа некого ќе израдува и дека некој кога ќе излезе од театарот ќе биде поубав отколку кога влегол да ја гледа вашата претстава. И уште ако тој некој за приказната од вашата работилница помисли или каже: Боже, колку беше ова добро! – вие сте направиле чудо, сте создале за миг „нов човек“ кој доживеал малку среќа во светот на сопствената и планетарната депресија“, вели Душан Ковачевиќ.

Главните улоги ги толкуваат Драган Спасов-Дац, Маја Вељковиќ Пановска, Соња Стамболџиоска, Ѓокица Лукаревски, Димитрије Доксевски, Филип Трајковиќ...

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе