„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на врвот на листата на реномираниот Скрин медиа

Филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија" беше оценуван од жирито на Скрин медиа (Screen Media) во Берлин, при што доби одлични првични резултати.

Македонскиот филм моментално се наоѓа на врвот на листата на жирито, заедно со филмот од Монголија, со просечна оцена од 2,8. Филмот на Митевска го очекуваат уште два резултати, со што веројатно e дека ќе се искачи на самиот врв.

Инаку Скрин медиа  за сите престижни фестивали, од рангот на Берлин, Венеција и Кан, повикува 7 најдобри новинари-филмски критичари од целиот свет кои заедно со уште еден филмски критичар од Скрин интернешнл (Screen International) ги оценуваат филмовите на скала од 0 (многу лошо) до 4 (одлично). Годинешната жири комисија е сочинета од реномирани новинари од филмската фела од престижните медиуми Dagens Nuheter - Шведска, Frankfurter Allgemeine - Германија, Film Art - Русија, Die Zeit – Германија, The Paper – Кина, The Morning Star – Велика Британија, Segnocinema – Италија и еден филмски критичар од самиот Screen International.

Македонскиот филм доби највисока оценка од Паоло Бертолин од „Сегносинема“ што во моментов го рангира на првото место, а пак по добивање на оценките и од Шведска и Кина, неминовно е дека „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ и ќе остане највисоко на оваа престижна листа.

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе