„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната награда на фестивалот во Дортмунд

Македонскиот игран филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија" на Теона Стругар Митевска ја освои главната награда на фестивалот посветен на женски автори (Cologne International Women's Film Festival), 

Во главната конуренција беа одбрани само 8 филма од целиот свет, кои се натпреваруваа за главната награда. Тричленото жири одлучи главната награда да ја даде на филмот на Теона Митевска.

„Oдлучивме да ја  доделиме главната награда овој на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата“, соопшти жирито.

„Господ постои, името ѝ е Петрунија” на 10 април со голем успех го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 Април беше целосно распродадена и се бараше билет повеќе.

Месецов филмот ќе биде прикажан на шест фестивали, меѓу кои и на Московскиот филмски фестивал. Еден од најголемите руски дистрибутери (Ruscico) го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина. 

Интернационалниот продажен агент Пирамид ги откупи и правата за дистрибуција на француската територија. Од 1 мај почнува прикажувањето на филмот во 60 кино сали низ цела Франција.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе