Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ доби уште две награди

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија" на Теона Стругар Митевска освои две награди на „Деа Филмски Фестивал“ во Тирана што се одржа од 2 до 8 мај.

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната награда за најдобар филм, а Зорица Нушева за улогата на Петрунија е прогласена за најдобра актерка.

Наградите ги додели петчленото жити предводено од Холанѓанката Клаудија Лансгенберг.

На церемонијата во Тирана присуствуваа актерите Зорица Нушева и Џевдет Јашари, кои ги примија наградите.

„Петрунија во месец мај ќе биде преставен на уште два фестивала. По Тирана патува во Романија на „Фестивалот Траснсилванија“, а потоа во Украина на Молодист Филм фестивал“, соопшти „Продукција Митевски“.

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе