Кино око

Голем успех на македонската продукција, ТВ-серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува во Шведска

Швеѓаните наскоро ќе се забавуваат со авантурите на култниот македонски лик Зоки Поки. Десетте епизоди од истоимената ТВ-серија ќе се емитуваат ексклузивно на шведската национална телевизија SVT, односно на нивниот специјализиран канал за детска програма „SVT Barn“.

SVT, шведскиот еквивалент на МРТВ, е најшироко распространетата телевизија во Шведска и има најголем опсег на програми од сите телевизии во земјата. „Зоки Поки“ е првата македонска серија и воопшто програма од овие простори што ќе се емитува на оваа телевизија.

Зоки Поки, Лидија, Гоки и Боки ќе зборуваат на шведски, а преку нивните забавни и поучни искуства ќе се зајакнуваат вредностите на едукација, родова еднаквост, диверзитет и квалитет кон кои се стреми Шведската национална телевизија.

Модерната екранизација на саканата детска книга на писателката Оливера Николова, со која имаат пораснато многу генерации, е во продукција на „Кино Око“, во копродукција со Македонската радио-телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија.

Десетте епизоди од првата сезона на ТВ-серијата премиерно се емитуваа на првата програма на МРТВ во периодот од мај до јуни 2020 година. Снимањето на втората сезона сѐ уште е во неизвесност.

„Многу сум среќен што серијата ги задоволи високите скандинавски стандарди за детска програма. Ова е доказ за универзалноста на серијата и на темите што ги обработува, кои се интересни за децата од целиот свет. Со ова се потврдува вредноста на вонвременското дело на писателката Оливера Николова и квалитетот на македонските филмски автори. Прикажувањето на серијата на Шведската национална телевизија е голем успех за „Кино Око“ и за македонската продукција. Во преговори сме за прикажување на серијата во Норвешка, Хрватска, Србија и во Словенија. Но, и покрај големиот интернационален успех и популарноста во Македонија, сепак е неизвесно снимањето на втората сезона. Се надевам дека оваа вест ќе биде дополнителен мотив за финансиска поддршка на втората сезона од серијата“, вели продуцентот Роберт Насков.

Приказната за Зоки Поки има во себе еден малку заборавен свет на вредности кои во нашето детство беа наше секојдневие.

„Една топлина кога верувавме дека надворешниот свет е најсигурниот и најубавиот свет во кој секое дете има свое место. Првата сезона покажа дека публиката и децата ги препознаа овие вредности и дека навистина вредеше да се направи овој проект. Сега многу зависи од сите нас дали оваа идеја ќе продолжи да живее понатаму. Навистина чувствувам потреба да кажам дека ќе биде голема грешка доколку тука застанеме и не направиме вистински серијал од повеќе сезони. „Зоки Поки“ може да биде голема инвестиција не само во телевизискиот, туку и во едукацискиот и емотивниот свет кој толку многу ни недостига“, вели режисерот Александар Поповски.

Главните улоги во серијата ги толкуваат Матеј Настевски (Зоки), Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки). Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки, и Сабина Ајрула-Тозија, во улогата на неговата баба.

Режисери на серијата се Александар Поповски, Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата се на Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска.

Сите епизоди од првата сезона се достапни за гледање на официјалната веб-страница на серијата.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе