„Година на мајмунот“ се натпреварува на три балкански филмски фестивали

Македонската комедија „Година на мајмунот“, по режија и сценарио на Владимир Блажевски, се натпреварува на три реномирани балкански фестивали - во Палиќ, Приштина и во Херцег Нови.

Во моментов се натпреварува во главната програма на 25. Европски филмски фестивал во Палиќ што ќе заврши на 20 јули, кога треба да бидат познати и  добитниците.

Утре, „Година на мајмунот“ ќе биде премирно прикажан во Косово, во рамки на 9. Прифест во Приштина, и ќе се натпреварува во категоријата „Мед и крв“ во конкуренција со повеќе балкански филмови. 

Филмот ќе се натпреварува и на филмскиот фестивал во Херцег Нови, Црна Гора, кој ќе се одржи од 1 до 7 август. Овој еден од фестивалите со најдолга традиција на екс-ЈУ просторот и датира од 1986 година.

Светската премиера на „Година на мајмунот“ беше на Московскиот меѓународен филмски фестивал, а домашната на отворањето на 21. Скопски филмски фестивал.

Филмот се снимаше во 2016 година како копродукција на Македонија, Србија, Словенија и Косово, поддржан од Еуримаж, на околу 80 различни локации низ Македонија. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и Хрватска.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе