Трагичен инцидент на филмски сет

Глумецот Алек Болдвин уби жена и го рани режисерот за време на снимање

Глумецот Алек Болдвин (68) ја застрелал директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза кога испукал куршум од пиштол-реквизит, соопшти полицијата.

Фото: ЕПА

Инцидентот се случил за време на снимањето на независниот игран филм „Раст“, пишува во соопштението на шерифот на округот Санта Фе.

„Канцеларијата на шерифот потврдува дека две лица биле застрелани за време на снимањето на филмот „Раст“. Директорката на фотографијата Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) беа застрелани кога продуцентот и актер Алек Болдвин (68) испука куршум од реквизит“, се вели во соопштението.

„Според истражителите, се чини дека снимањето на сцената содржело употреба на реквизит-огнено оружје кога било пукано“, се вели во соопштението. „Детективите истражуваат како и кој вид проектил бил испукан.“

Хачинс била пренесена со хеликоптер во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што била констатирана смрт, додека Соуза со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во регионалниот медицински центар, пренесува Си-ен-ен.

Портпаролот на Болдвин рече дека имало несреќа на снимањето, во која дошло до грешка при пукање од пиштол со ќор-фишеци.
 
„Њу Мексикан“ од Санта Фе објави дека Болдвин бил виден во четвртокот пред канцеларијата на шерифот во солзи, но обидите да добијат коментар од него биле неуспешни.

Хуан Риос, од Канцеларијата на шерифот, изјавил за Гардијан: „Господинот Болдвин доброволно дојде да разговара со истражителите и откако разговараше со нив замина“.

Сѐ уште не е поднесено обвинение во врска со инцидентот, соопшти полицијата, додавајќи дека го истражува пукањето.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе