ТЕАТАРСКА ПРЕМИЕРА

„Гига мега бајка“ ќе донесе многу нови поуки за децата и за возрасните

Во Театарот за деца и младинци - Скопје, на 16 ноември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Гига Мега Бајка“ во режија на Хана Миленковска по текст на Горјан Милошевски.

Претставата „Гига мега бајка“ е приказна која сака да ја поттикне имагинацијата кај децата и кај возрасните. Во неа се преплетуваат фрагменти од познати приказни, „Црвенкапа“ и „Заспаната убавица“, како и една измислена бајка. Деловите од познатите приказни се сосема преработен и повторно обмислени со суштински промени на ликовите и ситуациите, поточно преку смислување на нови ситуации. Со спојот на овие фрагменти, всушност, се добива една нова „Гига мега бајка“.

Истоимениот драмски текст и претстава се фокусираат на приказната за четири актери кои заедно раскажуваат бајка по нивен терк, со нови комични идеи за да ги забавуваат децата. Секако, ова раскажување не се случува само поради забавата туку и со цел да се пренесат повеќе пораки: постојано треба да ги менуваме, освежуваме познатите приказни, да ги правиме поинтересни, треба да ги соединиме со духот на модерното време, треба да оставиме многу простор за нашата фантазија, треба да ги слушаме импровизациите на децата и секој треба да биде свој во раскажувањето и да научи важни нешта за себе за да може да се промени и да биде подобар, известија од Театарот за деца и младинци.

Пораката е дека секој треба да биде свој во раскажувањето, дека во светот на приказните сами ги создаваме правилата, а и сами доаѓаме до сопствени поуки. Актерите Мартин Јорданоски, Симона Спировска, Мики Анчевски и Бојан Кирковски вложуваат многу напор, фантазија и идеи за посветено да ја пренесат идејата.

Креативен печат во претставата оставаат сценографот Владимир Лукаш, топлите костими на костимографката Елена Додевска во соработка со сценографот Кире Василев, точните движења на кореографот Валентино Апостоловски, како и современиот звук на композиторот Виктор Апостоловски.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе