Филмскиот монтажер Андрија Зафрановиќ е лауреат на фестивалот „Синематик“

Доделувањето на наградата за животно дело на Андрија Зафрановиќ ќе се случи на второто издание на филмскиот фестивал посветен на монтажерите „Синематик“. Зафрановиќ ќе биде гостин на фестивалот од 14 до 16 декември, кога ќе ја прими наградата од Асоцијацијата на филмски професионалци на Македонија.

Андрија Зафрановиќ е познат како монтажерот на „Татко на службен пат“ и „Дом за бесење“ на Емир Кустурица, „Балкански шпион“, а во последно време работеше на три македонски филмови „Деца на сонцето“ од Антонио Митриќески, „Медена ноќ“ на Иво Трајков и „Златна петорка“ на Горан Тренчовски, како и на малцинската македонска копродукција „Устав на Република Хрватска“ од Рајко Грлиќ. Тој ќе ја прими наградата во Скопје за време на одржувањето на второто издание на фестивалот „Синематик“ од 14 до 16 декември и ќе одржи мастерклас на 15 декември на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Зафрановиќ е роден е во Масленица на 15 август 1949 година. Во 1975 година дипломирал на катедрата за филмска и ТВ монтажа на ФАМУ во Прага, каде на други катедри се школуваа познати режисери од поранешна Југославија, како што се: Горан Марковиќ, Горан Паскаљевиќ, Срѓан Карановиќ, Емир Кустурица, Рајко Грлиќ, кинематограферите Предраг Поповиќ и Живко Залар, неговиот брат Лоран Зафрановиќ. Работел како монтажер, супервизор на монтажа и драматург. Со години беше редовен професор и шеф на катедра на Факултетот за драмски уметности во Белград, а од 2009 година е редовен професор на ФАМУ во Прага.

Соработувал со режисерите: Бато Ченгиќ, Александар Ѓорѓевиќ, Живко Николиќ, Емир Кустурица, Лордан Зафрановиќ и ја работеше монтажата на целокупниот филмски опус на покојниот Драган Кресоја. Тој има освоено три награди „Златна арена“ за монтажа на филмскиот фестивал во Пула за филмовите: „Кралски воз“ (1981), „Балкански шпион“ (1984), „Вечерни ѕвона“ (1986).

Андрија Зафрановиќ со екипата на филмот „Устав на Република Хрватска“

Фестивалот „Синематик“ во Скопје ќе биде отворен со проекција на филмот „Устав на Република Хрватска“ на 14 декември во киното „Фросина“ во чест на лауреатот. Во рамките на тродневната програма на „Синематик“ ќе бидат прикажани шест филмови во официјална конкуренција во киното „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија.

На вториот фестивалски ден ќе биде прикажана и двочасовна селекција на студентски филмови од млади монтажери. Во рамки на фестивалот ќе биде одржана и работилница „Концептот на виртуелната реалност во филм“. Работилницата е во соработка со Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА од Битола, која е единствената асоцијација во земјава што практикува виртуелна реалност. Фестивалот свечено ќе биде затворен со доделување на наградите на 16 декември во Кинотека на Македонија.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе