АНИМАКС

Филмски маратон со проекција на анимирани филмови под ведро небо ќе се одржи во Скопје

Во строгиот центар на градот, на Плоштадот ВМРО, на 14 септември (четврток), во организација на „Анимакс Скопје Фест“ и „Тинтири-Минтири“ ќе биде организиран филмски маратон под ведро небо за сите љубители за анимирани филмови.

Станува збор за настан во кој е вклучена програма за деца, која почнува од 18.30 часот, и програма за возрасни, која почнува од 21 часот, а ќе трае до 24 часот.

Настанот е во организација на Меѓународниот филмски фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ и филмското училиште „Тинтири-Минтири“, а е со поддршка на Градот Скопје, известија од тимот на „Анимакс Скопје Фест“.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе