Музички документарци

Филмови за „Крафтверк“, Лиза Жерар, Лу Рид и Дејвид Боуви ќе бидат прикажани во Кинотека

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“ ја отпочнува новата година со својот прв настан или со т.н. Зимско издание (Winter Edition), на кое традиционално ќе репризира дел од филмовите од претходното, фестивалско издание во 2017 година.

Во Кинотека на Македонија на 02 и 03 февруари 2018 ќе може да се гледаат филмови чиишто проекции беа дел од третото издание на „Скопје Синема Сити“. „Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што го нарековме ’Четири годишни времиња‘. За секој настан ќе има посебно известување за содржините“, велат организаторите.

„Скопје Синема Сити“, преку својата платформа, има за цел да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат.

Според програмата, на 02 февруари ќе бидат прикажани документарните филмови „Крафтверк: Поп Арт“, во 20 часот, и „Лиза Жерар: Светилиште“, во 21.30 часот.

На 03 февруари, во 20 часот, ќе биде прикажан филмот „Во сеќавање на Лу Рид“, додека во 21.30 часот следува „Дејвид Боуви на Би-Би-Си“.

Цена на билет е 100 денари, а ќе може да се купи на билетарницата во Кинотека на Македонија. Резервациите можете да ги направите од 16 до 19 часот на тел: 02 306 5968.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе