ВО САД

Филмот „Златна петорка“ на Горан Тренчовски влезе во официјалната селекција на фестивал во Њу Џерси

Македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски влезе во официјалната селекција на 36-то издание на престижниот Интернационален филмски фестивал во Њу Џерси, од 367 пријавени филмови од цел свет.

Покрај американската премиера на 22 септември, на покана на организаторот, режисерот Горан Тренчовски ќе оствари средба со студенти и професори на Универзитетот Ратгерс во Њу Брансвик, а продуцентот Дејан Милошевски ќе преговара со потенцијални дистрибутери на филмот за САД.

Филмот „Златна петорка“ на 9 септември ќе се прикаже на Централно-Европскиот филмски фестивал во Темишвар, Романија, на 20 септември на Фестивалот на филмската режија во Лесковац, на 23 септември има проекција во Мумбаи, а потврдени се и селекциите на фестивали во Варшава (Полска), Брно (Чешка) и Санкт Петербург (Русија).

Инаку, „Златна петорка“ досега е селектиран на 20-тина филмски фестивали, има освоено пет интернационални награди и е најгледан филм во Македонија во изминатата сезона, известија од филмската продукција „Револушн“.

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе