МОБИЛ ФЕСТИВАЛ

Филмот за загадувањето „Зошто?“ на Мурат Жерка е добитник на наградата „Ратка Илиевска-Лале“ (ВИДЕО)

Со доделувањето на наградите за најдобрите филмови снимени со мобилен телефон, во Кинотеката на Македонија синоќа заврши 7. издание на „Мобил фестивал“. Претежно млада публика, дел од нив автори на филмовите, дел љубители на филмот, ја проследи церемонијата, а имаше можност да види и избор од филмови што пристигнаа на повикот за учество на фестивалот.

Фестивалот, кој го организира продукцијата „КТ Филм и Медиа“, годинава се одржа благодарение на поддршката од Агенцијата за филм на Република Македонија, Град Скопје, МЕПСО, Кинотеката на Македонија, Младинскиот културен центар. Во рамките на седмото издание беа одржани две работилници за стоп-анимација, едната за деца во соработка со фестивалот „Синедејс“, а другата во соработка со СУ „Јосип Броз Тито“. Беа прикажани и два детски филма во Кинотеката на Македонија, од германска и од холандска продукција.

Тричлено жири ги избра најдобрите автори во пет категории. За наградите одлучуваа: Ванчо Мираковски, монтажер, Дамјана Ивановска, филмолог од Кинотеката на Македонија, и Сребра Ѓорѓијевска, новинарка. Сите учесници добија благодарници.

Наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“, која се состои од стипендија што ја доделува Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје ја доби „Зошто?“ (Why?) во режија на Мурат Жерка.

„Зошто?“ е прашањето што го поставува овој филм, а кој со својата социјална ангажираност успешно му нуди одговор на гледачот. Филмот одлично го поставува проблемот со загадувањето, денес особено актуелен, а и нуди успешен приказ на невиноста на децата и наближувањето на опасноста која се наѕира во мечето што носи гас-маска.

Награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти“ ја доби „Рекурзија“ во режија на Анастасија Стејси Точевска.

„Рекурзија“ е интензивно мистично-филозофско обмислување на себепостоењето на човекот. Во облик на прашање и одговор, младиот човек изгубен среде шумата го добива „знаењето“ за себе, за своето постоење. Авторката успешно ја изведува приказната во мистичен сетинг и на гледачот му го подарува „знаењето“ што го добиваат само избраните луѓе.

Наградата за најинвентивен филм ја доби „Сонар“ на група уметници од Филмската академија Баден-Виртемберг во Лудвигсбург, Германија. Станува збор за мрачен, инвентивен и оригинален филм.

Наградата за најоригинална приказна ја доби филмот „Еден, два, монолози“ (One, Two, Monologues) во режија на Блерина Гоце од Албанија. Социјално-ангажираниот документаристички пристап на авторката искрено ја претставува бедата во која живеат цели маргинализирани семејства во Тирана.

Наградата за најдобра идеја ја доби „Меурчињата не лажат“ (Bubbles don’t lie) во режија на Штепан Етрих од Чешка. Одлична комедија која со добрата идеја и успешното темпо за претставување на комичните елементи нема да го остави рамнодушен гледачот.

Ја слушам песнава на Северна Македонија за Евровизија на Јутјуб. Ја слушам и искрено, ми се плаче.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе