Филмот „Врба“ на Манчевски на пролетна фестивалска турнеја во Индија, ФЕСТ, Порто, Софија и САД

 Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан на претстојниот филмски фестивал во Бенгалуру, Индија, кој се одржува од 26 февруари до 4 март. „Врба“ е во селекцијата со најуспешните филмови на изминатава година, меѓу кои оскаровецот  „Паразит“ на Бонг Јон-Хо, „Болка и слава“ на Педро Алмодовар,  „Офицер и шпион“ на Роман Полански.

„Врба“ пролетва ја продолжува фестивалската турнеја со уште четири познати европски и светски фестивали: ФЕСТ во Белград, Синеквест во САД, Фантаспорто во Португалија и Софија, Бугарија.

По светската премиера на „Врба“ на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година и по македонската премиера и киноприкажување од два и пол месеци филмот беше дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј и Талин.

На престојниот 48. ФЕСТ во Белград (од 28 февруари до 8 март), „Врба“ е во главната натпреварувачка програма, со првата проекција на 2 март, и уште две, на 3 и 4 март. 

Од ФЕСТ, „Врба“ патува на 40. издание на Фантаспорто во Порто (од 28 февруари до 8 март), еден од 20-те водечки во светот, каде филмот ќе биде прикажан на 6 март во програмата „Недела на режисери“.

Во март, „Врба“ ќе ја има и американската премиера, во натпреварувачката програма на Синеквест, еден од најстарите и најреномирани фестивали во САД (од 3 до 15 март) во Сан Хозе и Редвуд Сити, Калифорнија.

Исто така во март, „Врба“ ќе биде прикажан и на 24 фестивал во Софија, еден од најголемите во регионот (од 12 до 22 март).

Изминатиов месец „Врба“ имаше премиера и во Нов Зеланд и доби награда за најдобар филм на камерниот фестивал за независни филмови во Велингтон.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе