Филмот „Врба“ ќе биде прикажан на фестивалот „Црни ноќи“ во Естонија

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски утревечер ќе биде прикажан на 23. Филмски фестивал „Црни ноќи“ (Black Nights) во Талин, Естонија.

Со оглед дека филмот веќе имаше светска премиера на Фестивалот во Рим, во Талин ќе игра вон конкуренција, во програмата Потписи во која, како што велат од Фестивалот, се „најновите дела на филмските велемајстори“.

„Врба“ ќе има три проекции во Талин, а на проекцијата на 27 ноември ќе гостува и режисерот Манчевски кој ќе има сесија прашања и одговори со естонската публика. „Црни ноќи“ е меѓу 14-те светски фестивали од А-категорија рангирани според ФИАПФ.

Премиерата во Талин е посветена на Ник Пауел, извршниот продуцент на „Врба“, кој почина една недела по македонската премиера. Екипата на филмот го нарече легендарниот Пауел „срце на нашиот филм“. Тој е продуцент на педесетина филмови (оскаровецот „Играчка-плачка“ на Нил Џордан, „Скандал“, „Мона Лиза“) и коосновач на „Вирџин рекордс“, заедно со Ричард Брансон.

Филмот неодамна постави нови рекорди на прикажување во земјава, кога за само 20-тина денови во Скопје, Битола, Охрид, Струга, Прилеп, Штип, Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Кочани, Богданци, Крушево, Гевгелија, Виница, Радовиш, Пробиштип, Македонска Каменица, Кавадарци… го видоа преку 20.000 гледачи. На барање на публиката во Штип, Крива Паланка, Радовиш и Кичево имаше и дополнителни проекции.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе