Милчо Манчевски во трка за најпрестижната награда

Филмот „Врба“ е македонскиот кандидат за „Оскар“

Филмот „Врба" на режисерот Милчо Манчевски ќе биде македонски кандидат за „Оскар" за најдобар долгометражен интернационален филм за 2021 година, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Кандидатурата на „Врба" за наш национален претставник во трката за најпознатата филмска награда е прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука.

Одлуката ја донесе Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар" при ДФРМ, во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ – актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка.

Во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите: „Ефектот на среќата" во режија на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот" на Арбен Тачи, „Кеиф" на Блаже Дулев и „Незо" во режија на Мерита Чочоли.

ДФРМ соопшти дека кандидатурата на „Врба" за наш национален претставник во трката за најпознатата филмска награда е прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука.

Поради КОВИД-пандемијата, 93-тата церемонија за доделување на наградите „Оскар" ќе се одржи подоцна од вообичаено, односно на 25 април 2021 (недела) во Лос Анџелес.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе