Агенцијата за филм

Филмот „Улиште“ ги освои најзначајните награди на филмскиот фестивал „Санденс 2021“

Филмот „Улиште“ ги освои најзначајните награди на американскиот филмски фестивал „Санденс 2021“, за најдобар филм, најдобра режија и награда од публиката, соопшти Агенцијата за филм.

Филмот „Улиште“ на косовската режисерка Блерта Башоли, каде Република Северна Македонија се јавува како земја копродуцент со поддршка на Агенцијата за филм во 2018 година е всушност копродукција меѓу Косово, Северна Македонија, Швајцарија и Албанија.

„Четврта година по ред, на „Санденс", (најголемиот фестивал за независен филм во САД), присутен е проект кој е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Овој пат тоа е „Улиште" кој е во малцинска копродукција на македонскиот продуцент „Црна мачка продукција". Малцинските копродукции стануваат клучен фактор за освојување на светската кинематографија токму преку вакви соработки кои се препознавани од националните агениции за филм“, соопшти Агенцијата за филм.

Од Агенцијата за филм потсетуваат дека изминатите години бевме присутни на „Санденс" со филмовите: во 2018 година со „Види ја ти неа" на Горан Столевски (наградата Најдобар интернационален игран филм во категорија на кратки филмови), во 2019  година со „Медена земја" (Големата награда на Жирито, Најдобар документарен филм и Награда за најдобра кинематографија) и во 2020 „Налепница" на Георги Унковски, каде ја имаше својата светска премиера. м

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе