ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Филмот „Ослободување на Скопје“ е прикажан во Палм Спрингс

Филмот „Ослободување на Скопје“, во режија на Раде и Данило Шербеџија, беше прикажан на 28. издание на филмскиот фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија, како дел од програмата „Awards Buzz Fest Foreign Language Film“.

Филмот „Ослободување на Скопје“ имаше проекција на 9 јануари, а втората прокеција ќе биде одржана на 11.01.2017 година во киното „Регал“. По првата проекција, филмот беше прифатен со одлични реакции и публиката имаше можност да му поставува прашања на режисерот Данило Шербеџија.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Небојша Глоговац. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска, а финансиран е од Агенцијата за филм на Македонија и поддржан од Еуримаж.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе