Филмот „Манаки – приказна во слики“ во кино „Одеон“ во Софија

Во кино „Одеон" во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде прикажан филмот „Манаки – приказна во слики" во режија на Роберт Јанкулоски, кој ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите сниматели на Балканот.

„По успешното претставување на Роберт Јанкулоски во Софија со своја фотографска изложба минатата година, како и поради интересот на публиката прикажувањето на филмот да се случи уште еднаш во Софија, авторот ќе пристигне за проекцијата на својот филм и пред гледачите во кино „Одеон“ ќе го претстави своето и делото на браќата Манаки“, соопшти македонскиот Културно-информативен центар во Софија.

Приказната во филмот се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја  работата  на Манаки од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцна селењето во Битола.

Проекцијата се реализира во соработка со Бугарската национална филмотека и со помош на македонскиот КИЦ во Софија.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе