ИНТЕРВЈУ

Филмот „Јавачи на коњи“ носи приказна за тројца бездомници и нивните мечти

Филмскиот режисер Марјан Гавриловски, по трите кратки филмови „Помеѓу“, „Само обичен ден“ и „Кота 404“, почувствувал потреба да раскаже поголема и покомплексна приказна и додека траел процесот на пишување на сценариото почнал да се раѓа и планот за неговиот прв игран филм „Јавачи на коњи“, кој премиерно ќе биде прикажан на 05 мај во Кинотеката на Македонија.

Со која тематика и во кој жанр е направен филмот „Јавачи на коњи“?

Се работи за долгометражен игран филм, социјална драма која ние милуваме да ја нарекуваме бајка за возрасни. Бајка, бидејќи сивилото на тематиката намерно е прекриено со шаренило од аспект на боја, кадри, глума, па дури и односи помеѓу ликовите. Музиката не отстапува од стилот и го надополнува сето ова со цел пресвртот да биде поголем, а кога го споменувам пресвртот тука веќе лежи и оној дел ’за возрасни‘.

Приказната од една скоро монотона поетичност оди до динамичен и брутално трагичен крај. Сето ова со цел да се долови една тема за среќата, колку може да биде апстрактна и истовремено реална раскажано преку односите на тројца бездомници кои во животот немаат многу повеќе од нивните мечти.

Марјан Гавриловски

Со која идеја и цел главните улоги се однесуваат на хендикепирано момче и неговите пријатели?

Тројцата главни ликови како тројца протагонисти наспроти нивната судбина како антагонист во приказната живеат живот кој е на раб на реалноста од која неуморно бегаат тапкајќи во место. Хендикепот како болест која постои кај Мапет е во функција на движење на дејствието, метафорично го носи ликот кон инфантилност со цел да се покаже опсесивната љубов и грижа на Алек кон него, преточена преку стравот кој го стекнал кога ја изгубил фамилијата и завршил во дом за сираци, дека пак ќе остане сам.

Станува за вистинска приказна, сценариото е припремено специјално за филмот, или станува збор за адаптација?

Не станува збор за адаптација, ниту за вистинска приказна. Сценариото е на Никола Кузелов кој тргна од британската поговорка „If wishes were horses, homeless would ride“. Практично станува збор за сценарио кое обработува цела една приказна за да ја покаже и оправда реченицава, која се појавува и како реплика во самиот филм.

На кој начин го правевте кастингот за филмот и кој актери учествуваа во неговото снимање?

Не постоеше класичен кастинг за филмот. Сценариото беше пишувано за однапред одбрани актери иако тие не знаеа ништо додека не ги викнав на првата проба. Не знам што ќе се случеше доколку некој од нив не сакаше или не можеше да работи на филмот и не можам да кажам по кој пат би ги барал актерите, но за среќа сѐ течеше според планот и денес Алек, Мапет и Сара се Никола Кузелов, Бобан Кулески и Долорес Поповиќ.

Колку време и каде го снимавте филмот и каде се одвидаше постпродукциската обработка?

Снимањето траеше еден месец на неколку локации низ Скопје. Постпродукцијата се одвиваше во „Метатрон Арт студио“ и студиото на „Емперор продукција“, а звукот беше обработуван во „Loops Lab“.

Кои се понатамошните планови по премиерата на филмот?

По премиерата филмот ќе има проекции низ останатите градови на Македонија. На 09 мај во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип, од 18 до 23 мај во кино „Мис Стон“ во Прилеп, а на 22 мај во 3Д-Кино Битола. На крајот на овој месец филмот ќе се најде на редовен репертоар на киното „Синеплекс“ во Скопје.

Т.Д.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе