Викендов

Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ освои три меѓународни награди

Господ постои, името и е Петрунија“ викендов на три фестивали низ светот освои седум награди.

Започнувајќи со Филмскиот фестивал во Мароко, (Salé Women Film Festiva), „Петрунија“ освои три награди. Специјалната награда од жирито за режија, ја доби нашата режисерка Теона Стругар Митевска, наградата за најдобар актер ја доби  Зорица Нушева и главната награда доделена од УНЕСКО ја доби македонскиот филм „Господ постои, името и е Петрунија“, која ја споделува со грчкиот филм „Нејзината работа“ на Никос Лабот. Апсолутен фаворт на фестивалот во Мароко беше „Петрунија“, каде што беше одлично примен од страна на публиката, жирито, филмските професионалци и новинари.

После Мароко, во наша соседна Србија, на штотуку завршениот Интернационален фестивал посветен на филмска режија, „Петрунија“ понесе две награди. Главната награда за најдобра режија ја доби Теона Стругар Митевска, која е и парична награда во висина од 4.000 евра, и наградата за најдобра актерка ја доби Зорица Нушева.

Во Словенија на Филмскиот фестивал во Порторож посветен на словенскиот филм, наградата за најдобар филм за малцински копродукции во конкуренција од одлични осум филма, (српскиот Шавови, хрватскиот Дневникот на Диана Бадисављевиќ) „Златната Весна“ ја доби македонскиот филм. На фестивалот на овој филм му беше доделена и уште една награда и тоа од Здружението на уметнички кина на Словенија. Со овие две награди „Петрунија“ може да се каже дека ја освои и Словенија, како што целосно ги освои жиријата насекаде во регионот и секаде каде што беше во натпреварувачка програма се закити со највисоки признанија.

На истекот од летото по само седум месеци фестивалска турнеја „Петрунија“ апсолутно го освојува светот, со досега освоени 21 награди и кино дистрибуција во 35 земји. Да издвоиме дека есенва ќе отвори во редовниот кино репертоар во големите пазари на Италија, Германија, Шпанија, Полска, како и во соседна Грција.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе