Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” месецов ќе биде прикажан на седум фестивали

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија" на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 15. филмски фестивал Евроазија во Казахстан ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска.

Месецов филмот ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и негова кино дистрибуција во Кина.

Во рамки на турнејата овој месец филмот беше прикажан на филмски фестивал во Ерменија, а идната недела ќе биде емитуван пред хрватската публика на филмскиот фестивал во Пула.

Филмот претпремиерно ќе биде прикажан во филмски фестивал во Нов Зеланд од 18 јули до 11 август, како и на филмскиот фестивал во Одеса, Украина.

Годинава филмот се здоби со шест награди и ќе биде дистрибуиран во над 35 земји. Во моментов филмот се уште се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија, а веќе е прикажан и на триесетина фестивали.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе