Фестивалот Македонско културно лето во Албанија заврши со доделување на награди

Со претставата „Орест" на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот" од Велес, заврши 15-то издание на фестивалот Македонско културно лето во Албанија. За најдобра претстава е прогласена „Кармен" на Драмски театар Скопје, а најдобра режија на Дејан Пројковски, за истата претстава.

За најдобра актерка на фестивалот прогласена е Билјана Драгичевич Пројковска за улогата на Кармен, од Драмски Театар.

Наградата за најдобра млада актерка ја добија Жаклина Петровска Милјановска за улогите на Марта, Цеце, Жаклина, Елена, во Анатомија на неверството од Театар Комедија и Славица Манаскова за улогата на Електра, од Театар Џинот Велес.

Сашко Коцев е награден за најдобар актер за улогата на Паун во „Не се клади на енглези" од МНТ, а

Жарко Спасовски за најдобар млад актер, за улогата на „Орест", од Театар Џинот Велес.

Признание „Пријател на фестивалот" добија министествата за култура на Албанија и на Македонија, Обединета македонска дијаспора, Кромберг и Шуберт, Општина Велес, Општина Пустец, Град Скопје, Кожувчанка, Театар Џинот Велес и Театар комедија.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе