Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 16 до 21 септември

Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ годинава ќе се одржи од 16 до 21 септември под мотото „И покрај се“. Отворањето на фестивалот ќе се одржи пред Музејот во Битола, програмата на фестивалот е скратена и содржи 10 долгометражни филмови и 10 кратки филмови.

Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Дамевски информираше дека добитник на наградата „Златна камера 300“ за животен опус ќе му се додели на австрискиот кинематографер Кристијан Берген, кој е познат по неговиот систем на осветлување кој е негов изум и кој ќе биде презентиран на фестивалот, а Андреј Кончаловски е годинешен лауреат на специјалната награда „Камера 300“.

Бергер, кинематограферот на Михаел Ханеке, еден од најголемите австриски и светски режисери, ќе ја добие Златната камера за животно дело и ќе дојде во Битола, додека Кончаловски, еден од најголемите руски режисери, поради возраста одлучил да не патува во овие услови. Актерот Бајрам Северџан, најпознат по филмовите „Црна мачка, бел мачор“ на Емир Куструрица, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски и „До балчак“ на Столе Попов,  е добитник на Големата ѕвезда на македонскиот филм, награда која ја доделува Друштвото на филмски професионалци (ДФРМ).

Буџетот на Фестивалот е намален за 30 отсто. Во официјалната селекција, зад која стои Слаѓан Пенев, ќе има 10 долгометражни филмови, а во кратката, по избор на режисерот Даријан Пејовски, исто така 10.

Во кратката програма македонска премиера ќе има и  „Северен пол“ на Марија Апчевска, кој во јули играше во конкуренцијата за Златна палма во Кан.

Како што се трендовите на светските фестивали, одлучивме да ја укинеме документарната програма. Доколку има квалитетни филмски дела од документарната програма, тие влегуваат или во кратката или во долгата програма. Но, ќе имаме ревија на македонски документарни филмови насловена ‘Бисери на македонската документаристика – од Оскар до Оскар’“, рече Дамевски.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе