Отворено писмо

Фестивалот „Браќа Манаки“ бара извинување од Лабина Митевска

Во врска со пишувањата во медиумите за наводно лошиот однос кон екипата на филмот „Кога денот немаше име“, нагласуваме дека на изминатотото 38. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, екипата од филмот „Кога денот немаше име“ беше професионално пречекана од претставникот на сервисот за гости на фестивалот, а потоа на вечерата за екипата и нивните гости, беше поздравена од уметничкиот директор на Фестивалот, стои во отвореното писмо од тимот на фестивалот „Браќа Манаки“ упатено до Лабина Митевска.

Според желбите на екипата, тие беа сместени во хотелите коишто ги одбраа, го добија терминот за проба на филмот во часот кој што им одговараше, достојно беа претставени и пред и по проекцијата на филмот во големата сала на Центарот за култура во Битола и притоа добија две прес-конференции, првата на 29 септември со кинематограферката Ањес Годар, која беше кинематограферка и на филмот за затворање на фестивалот, заради нејзиниот скратен престој во Битола по нејзино барање, и втората прес-конференција на 30 септември со целата екипа на филмот.

Исто така, фестивалот испрати и посебно соопштение до медиумите со најава за македонската премиера на филмот со сите промотивни материјали испратени од продуцентската куќа на филмот „Кога денот немаше име“.

Фестивалскиот тим на „Браќа Манаки“ кон екипата на филмот „Кога денот немаше име“ за цело време на нивниот престој се однесуваше професионално и љубезно како кон сите поканети гости. Затоа сме изненадени од незадоволството искажано во медиумите од страна на продуцентката на овој филм, со оглед на фактот што филмот имаше третман како и сите други филмови во Главната програма на Фестивалот. Затоа бараме јавно извинување за искажаните неверодостојни тврдења, напишаа од тимот на ИФФК „Браќа Манаки“.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе