Фестивалите на документарни филмови се здружија во мрежа ФестДоксНетворк

Филмските фестивали ДОК.фест Минхен (Минхен, Германија), ДоксБарселона (Шпанија), МакеДокс (Скопје, Северна Македонија) и ФИПАДОК (Биариц, Франција) формираа мрежа ФестДоксНетворк.

Партнерството меѓу овие четири клучни фестивали за документарни филмови е резултат на заедничката цел за поддршка и промоција на исклучителните креативни документарни филмови, како и зголемување на нивната достапност кон што поголема публика.

„Нам ни е најважно тоа што документарците кои ги имаме во програмите на сите наши фестивали добиваат шанса да бидат видени. Четирите фестивали си ги здружуваат силите, експертизата и срцата за да осигураат далекусежна видливост на документарните филмови. Кризата која сега ја искусуваме ни дава прилика да си потврдиме дека заедничкото работење е незаменливо“, стои во заедничката изјава на ФестДоксНетворк.

Во иднина, четирите фестивали ќе се поддржуваат меѓусебно при селектирање филмови од нивните земји за фестивалските програми. Исто така, тие ќе организираат посети на клучни експерти од индустријата од секоја земја на фестивалите.

ФестДоксНетворк е промовирана за време на фестивалот ДОК.фест Минхен (DOK.fest München@home), кој онлајн се одржува од 6 до 24 мај. За време на фестивалот ДоксБарселона Фестивал Онлајн (DocsBarcelona Festival Online), од 19 до 31 мај, ќе се објават дополнителни информации и повеќе детали околу партнерството.

„Преку мрежата МакеДокс ќе овозможи претставување на локалната и регионалната документаристика на програмите на овие филмски фестивали, како и пристап за проектите од Балканот на филмските маркети на фестивалите членки на мрежата“, велат од МакеДокс.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе