„Џифони“ во Делчево

Филмскиoт фестивал за млади „Џифони" денеска патува во Делчево. Настанот во организација на националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров" од каде информираат дека целна група на фестивалот се младите од Делчево.

Настанот е дводневен, закажан е за денеска и утре. На фестивалот ќе се прикажуваат филмови за млади, а програмата ќе ја направи позабавна актерката Зорица Нушева, која ќе одржи и актерска работилница, истакнаа организаторите.

Покрај тоа, предвидена е и фотографска и ликовна работилница на кои младите од Делчево ќе ја поттикнат својата креативност.

Настанот е закажан за 10 часот, а влезот е бесплатен.

Фестивалот се одржува во рамки на традиционалниот настан Дарувај со љубов – Денови на хуманост 2021.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе