Две престижни признанија за „Медена земја" на Интернационалните документарни награди ИДА во Лос Анџелес

Документарецот „Медена земја" освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди ИДА, што се одржаа вчеравечер (7 декември) во студијата на „Парамаунт" во Лос Анџелес. На најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм, кој е во организација на ИДА (Интернационалната документарна асоцијација) режисерот Љубо Стефанов и снимателот Фејми Даут ги примија: призанието „Pare Lorentz" („Паре Лоренц") и наградата за најдобра кинематографија.

Наградата „Паре Лоренц" на ИДА се доделува „за пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми". Македонскиот документарец беше номиниран во уште две категории: за најдобар филм и за режија.

Вчеравечер во Берлин, Германија, пак, се одржа и свеченото доделување на „Европските филмски награди", кои ги доделува Европската филмска академија. „Медена земја" беше номиниран во категоријата за најдобар европски документарец за 2019 година.

Во меѓувреме нашиот документарец доби уште неколку номинации и признанија на престижни интернационални филмски фестивали. „Медена земја" е македонски кандидат за „Оскар" за најдобар интернационален филм. Номинациите за „Оскар" ќе бидат соопштени на 13 јануари 2020 година.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе