Два македонски филма на фестивалот „Докенритам“ во Белград

Во рамките на фестивалот Докенритам во Белград, денеска ќе бидат прикажани и два музички документарни филма за Кирил Џајковски „Современа музика за современото доба" на Ненад Георгиевски и филмот „The Hip" во режија на Јане Алтипармаков.

Филмовите се дел од категоријата „Земја во фокус“ на Фестивалот со акцент на Македонија.

Фестивалот за музички документарни филмови Докенритам се одржува во Студентскиот град во Белград од 8 до 11 јуни и неговата програма покрај филмска презентација, се состои и од дебати и промоции на книги.

Гостувањето претставува соработка помеѓу здружението Номад-арт од Скопје и фестивалот Докенритам. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе