Друштвото на филмски работници: Манчевски врши атак на домашната кинематографија

На последното собрание на Друштво на филмските работници на Македонија за мерките донесени од Агенцијата за филм на РСМ за ургентно префрлување на рата за проектите и директната финансиска помош за независните филмски работници беше заклучено дека се донесени интервентно заради ситуацијата со светската пандемија предизвикана од вирусот ковид-19 со цел да се помогне и одржи кревката македонска кинематографија. Овие мерки беа едногласно поздравени од ДФРМ знаејќи дека во изминативе шест месеци работата на филм во државата беше во целосен застој.

„Собранието со индигнација ги отфрла и осудува неодамнешните написи во одредени медиуми, како и обвиненијата на поединци во врска со споменатите мерки. Политичките притисоци на тие поединци, каде се издвојува името на нашиот режисер Милчо Манчевски, претставуваат атак на домашната кинематографија, со единствена цел да се остварат лични интереси во време на предизборни активности на политичките партии. Ваквото однесување нè враќа кон времињата на едноумие и нетранспарентност, кога огромни средства. На тој начин се оставаше малку простор за афирмаија и работа на голем дел од филмската фела, посебно кај младите професионалци. ДФРМ смета дека овој начин на функционирање треба да го оставиме зад нас, посебно во периодот кога македонската кинематографија има свој драматичен подем. Македонските филмови се дел од најпрестижните филмски фестивали и ја освојуваат светската публика преку филмските фестивали како Санденс, Берлин, Кан, па сè до огромниот успех на годинашната церемонија на американската Академија, каде нашата земја се закити со две номинации за Оскар. 

ДФРМ испраќа апел до политичките партии и одредени медиуми, да не подлегнуваат на притисоците и манипулативните конструкции кои ги лиферуваат поединци за сопствен бенефит.  Сметаме дека треба јасно и недвосмислено да се искаже ставот дека е недозволиво, македонската филмска фела да биде заложник на таквите интереси и со тоа да назадува националната кинематографија. Посакуваме заедно, посветено и транспарентно, да ги почитуваме пропишаните критериуми кои мора да важат за сите подеднакво и да продолжиме со афирмацијата на нашиот филм и култура во светот“, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе