Драмата „Аудиенција“ од Хавел вечер во МНТ

Во Македонскиот народен театар вечер од 18 часот ќе биде изведена премиерата „Аудиенција“ од Вацлав Хавел во режија на Сибел Абдиу, во рамки на одбележувањето 30 години од Кадифената револуција.

Ја организира Амбасадата на Чешка во Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, Министерството за култура, МНТ и „Машина продакшн“.

„Аудиенција“ е трагикомична апсурдна драма во еден чин, според делумно автобиографскиот текст на Хавел од 1975 година. Во двете улоги (Сладарот и Вањек) ќе настапат Џенап Самет и Владо Јовановски.

Вањек е драмски писател, интелектуалец, принуден да работи во пиварница. Тој е алтер-егото на авторот (измислена личност, психолошки идентична со авторот), кој е следен од тајната полиција. Сладарот е претпоставениот на Вањек кој во него гледа авторитет, и покрај тоа што му е подреден. Се обидува да направи нечесен и неетички договор со Вањек…

Целта на претставата е да посочи на апсурдноста на комунистичкото општество, неверојатниот јаз меѓу интелектуалците и медиокритетите, а исто така и индиректната критика на тоталитаризмот и не-слободата.

Композитор на претставата е  Слободан Трајкоски, а сценограф Ујза Жури. „Аудиенција“ повторно ќе биде изведена и задутревечер (8 ноември) од 20 часот.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе